Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика:
Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар,
Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 денари литар.
Дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар.
За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена:МИА






