Регулаторна комисија ги корегира цените на бензините, а па така, по полноќ, ЕУРОСУПЕР БС-98 и дизел горивото поевтинуваат за денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар.
Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС–95 ќе изнесува 81,50 денари за литар, 83,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС–98 и 76 денари на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).
За 1,5 денари се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство и литар ќе чини 75 денари.
За 0,064 денари поскапува мазутот М-1 НС и килограм ќе се продава за 41,266 денари.







