Од полноќ поевтин дизел, бензините поскапуваат за половина денар

Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука според која од полноќ бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот поевтинува за еден денар.



Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 95 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 97 денари за литар.

Новата цена на дизелот ќе биде 85 денари за литар.

За пола денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 83,5 денари за литар, а се зголемува малопродажната цена на мазутот која ќе изнесува 54,963 ден/кг.