Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 85,5 денари за литар.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,50 денари.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое најмногу поскапува ќе се продава за 84 денари.
Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари.







