Бензинот и дизелот од полноќ поскапуваат за по 1,5 денари по литар.
Бензинот од 98 октани по полноќ ќе ја достигне највисоката досега цена од 86 денари за литар, а дизел горивото исто така ја достигнува највисоката досега цена – 75,5 денари по литар.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 48,170 (денари/килограм)







