Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, откако епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на корона вирусот, да се укине ограничувањето за движење на граѓаните.



Почнувајќи од полноќ, повеќе нема да има полициски час.

Исто така, укината е и забраната за 100 гости на свадби и дозволени се концерти и забави.