Од ноќеска на полноќ цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денар и половина, додека Еуродизелот поскапува за 2 денари. одлучи РКЕ.
Тоа значи дека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе чини 73,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 75,50 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 65 денари по литар гориво.







