Во Приштина и општините во Косово со голем број заразени од корона вирус, на сила е полициски час. Трговските центри, угостителските објекти и продавниците со скратено работно време, поради што голем дел косовски државјани, решија викендот на го поминат во Македонија.



Гостите од Косово велат дека не бегаат од полицискиот час, туку го користат викендот за прошетка и пазарење.

Освен Косово, полициски час има во Грција, Црна Гора, Албанија.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека за нови мерки ќе се разговара откако ќе се сумираат ефектите од досегашните мерки.