Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) лани биле потрошени се 30.000 за кафеани, без да се знае кој и за што ги потрошил парите.
„Исплатени се средства за репрезентација по фактури на кои не е наведена намената на фактурите за кои се направени угостителските услуги, бројот на корисници на репрезентација, оправданоста на настанатите трошоци, како и дали се однесуваат за вршење на дејноста на Фондот, а се одобруваат од неговото раководно лице“.
Ова е еден од наодите на Државниот завод за ревизија во извештајот за 2017 година за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, пренесува „Телма“.




