Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Никола Груевски е закажана за во вторник, откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.
Членовите на Комисијата треба да одлучат дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратени, а конечна одлука треба да донесат пратениците на собраниска седница со двотретинско мнозинство.
Не е јасно како ќе гласаат осумтемина пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, откако вчера координаторката на пратеничката група, Елизабета Канческа-Милевска, во свое име, изјави дека нема да гласа „за“.
Груевски е осуден на две години затвор во врска со случајот со блиндираниот владин „мерцедес“ и повикан е на издржување на казната на 8 ноември.
Неговото барање за одложување на казната е одбиено.





