Меѓу новозаразените во Скопје има петнаесетина млади на возраст до 20 години, кои со симптоми на коронавирус се вратиле од одмор од Охрид, Струга и од Дојран.
„При пополнување на анкетниот лист овие лица наведоа дека биле на одмор во преполнетите туристички места во земјава, но истакнуваат дека не знаат точно каде се заразиле“ вели епидемиологот д-р. Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје-Скопје за Фактор.
Се испитуваат и нивните контакти, па деновиве можно е да има поголем број млади лица позитивни на вирусот кои биле на одмор. Сепак, пак ќе повторам, а тоа и го тврдам, дека можноста да се зарази кој било е многу мала ако се почитуваат мерките.
Од друга страна, нормално е дека ќе имаме заразени млади луѓеод сите оние журки што се се случуваа“, вели Д-р Стојанов.






