Бензините „Супер 95“ и „Супер 98“, од ноќеска поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.
Новиот ценовник што ќе важи во следните седум дена е изработен од Регулаторната комисија за енергетика, според новата методологија.
Главни критериуми во формирањето на цените се курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.





