Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.



Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летно сметање на времето.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03 ќе се смета како 02 часот.