Избегнувањето на „Македонија“ при наведувањето на името на државата и неговата замена со еуфемизми од типот на „нашата земја“, карактеристично за премиерот во заминување Зоран Заев и неговата „екипа“, наследникот Димитар Ковачевски во експозето при изборот на новата влада го прошири и надгради со „нашата мала и сакана држава“.





