Од Македонија би се иселиле 70 отсто од студентите

Дури 70 отсто од студентите во Македонија размислуваат да се иселат од државата, покажа истражувањето „Иселување на младите и квалитет на живот“, спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител.



Мнозинството граѓани 66 отсто, имаат некој близок кој веќе се преселил во странство.

Речиси една третина од анкетираните размислувале да се иселат од државата (29,1 отсто), а како причина за таков чекор ги наведуваат вработувањето, животниот стандард и подобрата иднина, покажа истражувањето..