Младиот Леон Мерсовски му покажа на екс премиерот Љубчо Георгиевски каде греши кога негативно реагира на работи кои ги сплотуваат Македонците а молчи за работи кои немаат никаква врска со македонската древна и модерна традиција.
Леон Мерсовски кој е активист на ВМРО-ДПМНЕ а е муслиман во вероисповест реагира на забелешката на Љубчо Георгиевски кому му пречат огновите за Бадник и Коледе кои традиционално ги слават Македонците.
За Леон кој е е од Дебар е неприфатливо што Георгиевски молчи за гревовите што се прават и за празниците кои не се македонски а води кампања против тоа што ги зближува Македонците.
,,Славење ден на вештерки, правење милион гревови во текот на цела година ништо не ти сметаше ама оваа те погоди во срце, ке се изедеш…
Муслиман сум и не сакам да навлегувам дали е христијански или не палењето огнови, луѓето се собираат во името на големиот празник и тоа им служи како некое зближување ако сметаш дека не треба тогаш не оди и тоа е тоа остај ги кој сака што сака да прави не коментирај, и да нека се вечни и среќни бадниковите и божиќните празници на сите православни христијани да се здрави и живи ❤️ !
Од Македонец не бидува туркомонголин, татар, гагауз и черкез тоа запомнете го господине Љубчо Георгиевски”, му пишува Леон Мерсовски на екс премиерот.
,,Пред трисет години само во Мичурин се палеше оган дури и се сеќавам кога прв пат почнаа со огнот. Денес цело Скопје гори. Го девалвираме Скопје како главен град. Се девалвираме како урбана средина,како народ.
Српската окупација ни ја донесе оваа традиција. Само што Белград не гори, отидоа напред, а ние уште сме таму каде не оставија”, пишува Георгиевски во еден од своите постови со кои сака да покаже дека во Македонија се слават српски традиции.
Георгиевски нема објаснување зошто огонови за Бадник се палат и меѓу Македонците во Егејска Македонија иако таа никогаш не била под српска окупација или српско влијание.






