Од Македонци, македонски народ и македонски граѓани, Спасовски нè претвори во „народ на СМ“ (ФОТО)

Неразбирлива промена на именувањето на македонскиот народ од страна на техничкиот премиер и носител на СДСМ во изборната единица 2 Оливер Спасовски.



За време на посетата на пункт за дистрибуција на помош на Црвениот Крст каде пристигна помош од УНИЦЕФ и УСАИД Спасовски инсистира на употребата на досега непознатата форма “Народот на С. Македонија” притоа целосно отфрлајќи го зборот Република.

“Премиерот Оливер Спасовски денеска го посети дистрибутивниот центар на Црвениот крст во Момин Поток и изрази благодарност во име на народот на Северна Македонија, до УСАИД и УНИЦЕФ за нивната помош во напорите на државата да одговори на Ковид-19”, напиша Спасовски на Твитер.

Подоцна оваа нова кованица е употребена во наслов на владино соопштение што значи дека се работи за координиран обид за пласирање на нов начин на именување на Македонците и граѓаните на Македонија.

Претходно партискиот шеф на Спасовски, Зоран Заев беше критикуван откако во два наврати ја употреби фразата “мултиетнички народ” по што под притисок од јавноста СДСМ запре со користење на оваа кованица.