Од 1 мај досега биле изречени над 128 илјади казни за неносење маска. Само во периодот од мај до 23 јуни, во полициската евиденција има заведено 20.327 прекршоци по однос на неносење заштитна маска.
Казната за неносење заштитна маска за физички лица е 20 евра, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирус. Ова е предвидено во Уредбата којашто ja донесе Владата на 22 април, а стапи на сила од 1 мај.
„Од воведувањето на мерката за задолжително носење на маска со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 до денеска изречени се вкупно 128.849 казни за непочитување на мерката, односно за неносење заштита на лицето“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Доколку државата ги наплати сите казни во просек по 20 евра, би можела да инкасира над 2,5 милиони евра поради неносење на заштитна маска. Но, надлежните укажуваат дека немаат конкретен податок колку од изречените казни биле и наплатени, со оглед на тоа дека секој граѓанин поединечно ја плаќа казната, пишува Дојче веле.





