Од крајот на септември еден милион Руси ја напуштија земјата

Според грузискиот претседател Саломе Зурабишвили, откако Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија во септември, околу 700.000 Руси влегле во Грузија. Од нив, околу 100 илјади се уште се во земјата, останатите заминале во други насоки, соопштија грузиските власти, цитирани од рускиот сервис на Би-Би-Си.



Во првите недели по најавата за мобилизација на граничниот премин Горни Ларс на руско-грузиската граница имаше километарски метеж , но само неколку дена додека Русија не го ограничи пристапот до грузиската граница поставувајки привремени места за мобилизација.

Според извештаите на медиумите и информациите од миграциските служби на соседните земји на Русија, од крајот на септември годинава Русија ја напуштиле околу еден милион луѓе – главно мажи на воена возраст.

Од 21 септември околу 200 илјади луѓе ја напуштиле Русија во правец на Казахстан, а 148 илјади луѓе ја напуштиле земјата во непознат правец.

Според финските граничари, од 21 септември до 3 октомври во земјата влегле 65.768 Руси, додека во истиот период во Русија се вратиле 40.106.

Исто така, руските граѓани (особено жителите на Бурјатија) заминаа во Монголија.

Луѓе, исто така, ја напуштаат Русија во правец на Киргистан, Ерменија, Узбекистан, Таџикистан, Азербејџан, Турција, Египет и Обединетите Арапски Емирати. Но, точните податоци за овие земји не се јавно достапни.