Од Ковид-19 почина лекарка од Охрид

Д-р Зора Љушеска-Трајческа(63) специјалист по физикална медицина и рехабилитација во охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ починала по компликации од ковид-19.



Д-р Љушеска-Трајческа починала вчераутро, во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Претходно била хоспитализирана во Општата болница во Охрид, јави порталот СакамДаКажам.

Таа е трето медицинско лице од Охрид кое ја изгуби битката со коронавирусот.

Досега битката со коронавирусот ја загубија медицинската сестра Дијана Димоска и д-р Драган Спасески- Охридски, кои од почетокот на коронакризата се во првата линија на борбата против ковид-19.