Од последици од пандемијата на Ковид-19 починаа 840 новинари во 68 држави во светот, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign).
Тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна.
Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на Ковид-19. Најголем број на починати новинари има во јужноамериканските земји односно 458.
Во Азија од последици од Ковид-19 починале 151 новинар, во Европа – 147, во Северна Америка – 45 и во Африка – 39.





