Од коронавирус почина 19 годишна девојка во Битола

Во Битола почина 19 годишна девојка која вчера била хоспитализирана со симптоми на Ковид-19. Од битолската болница за ТВ 24 велат дека девојката која имала и Даунов синдром, била примена во тешка здравствена состојба и починала пред да ѝ биде земен брис за тестирање. 



„Пациентката беше прв пат донесена вчера, во тријажен центар, а од таму веднаш беше испратена во ковид центарот со ниска сатурација, давана беше терапија, се преземаа реанимациони мерки, но за неколку часа почина и не успеа да се земе брис, но клиничката слика упатуваше на КОВИД инфекција,“ вели д-р Билјана Гагачовска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола. 

Пораст на бројот на помлади пациенти се регистрира и во КОВИД Центарот во ГОБ „Осми септември“ каде најмладата хоспитализирана пациентка има 29 години.