Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19. Починати се 13 лица, информира Министерството за здравство.
Од пријавени се вкупно 13 починати лица, 5 пациенти од Скопје (76г, 70г, 61г, 58г, 54г ), 2 пациенти од Кавадарци (87г, 78г ), и по еден пациент од Тетово (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп (80г) и Неготино (61г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
НДосега во земјата се направени вкупно 503.565 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на заразени во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.





