Од корона почина поранешен пејач на „Темптејшнс“

На 49 годишна возраст и по борбата со коронавирусот почина Брус Вилијамсон, поранешен пејач на легендарната група „Темптејшнс“.



Брус стана член на групата уште во 2006 година и пееше со нив до 2015 година.

Во една прилика ќе рече дека постигнал „повеќе за шест месеци во Темптешјшнс отколку што направиле многумина артисти во текот на животот“.

Неговиот син на социјалните мрежи сподели емотивно простување:

„Нема зборови во светот кои можат да опишат како се чувствувам сега. Те сакам, тато и ти благодарам што беше предобар и полн со љубов. Ти благодарам што беше тоа што си. Се молам на Бога и повторно ќе се сретнеме…“

Групата „Темптејшнс“ е основана во 1960 година во Детроит, а нивните хитови ги вклучуваат песните „My Girl“ (1964)  „Ain’t Too Proud To Beg“ (1966),My Girl, The Way You Do The Things You Do и You’re My Everything.