Доктор специјалист вработен на Хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус.
Д-р Драган Тасевски добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила прво бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје, а потоа на сопствено барање, бил префрлен во приватната болница „Аџибадем Систина“, јавува порталот СакамДаКажам.
На социјалните мрежи веќе се простуваат од него оние кои го познаваат и негови колеги од болницата со кои соработувале.




