Од корона почина фармацевт од струшко

Првиот случај на починат здравствен работник од вирусот Ковид-19 во земјава е фармацевт од струшко, соопштија од Фармацевтската комора на Македонија.



Петар Мојсоски, од струшкото село Подгорци, починал вчера на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Од Фармацевтската комора информираат дека нивниот колега се заразил додека бил на своето работно место, во аптека.