Во 59-та година од животот, како последица од Ковид-19 почина Башким Фино, поранешен албански премиер и клучна личност во редовите на владејачката Социјалиситчка партија.
Беше премиер на Албанија во најтешкиот период на земјата по падот на комунизмот, од март до јули 1997 година по познатите мартовски немири кога во земјата завладеа целосен хаос. Тогаш со консензус меѓу полтичките партии беше избран за премиер на Владата за национално помирување. Бил и пратеник и извршувал повеќе функции во албанската влада.
Албанската влада денешниот ден го прогласи за ден на жалост.







