Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти.
Починати се 21 лице, два пациенти од Скопје (87 и 65г), еден од Куманово (75г), единаесет пациенти од Тетово (72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73г), еден од Прилеп (84г), еден пациент од Штип (78г), еден од Охрид (69г), два пациенти од Кавадарци (64 и 59г), еден пациент од Кочани (71г) и еден од Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.





