Професорот Бранимир Јовановиќ во изјава за Фокус вели дека всушност, банките ќе стекнат дополнителен приход со одложувањето на ратите во период од 6 месеци за кој че пресметуваат камати.



„Со пресметувањето камати и за време на грејс периодот банките всушност си ги зголемуваат приходите откако ќе помине кризата, односно, на некој начин профитираат од кризава, и затоа мислам дека треба да ја преиспитаат одлукава.

Доколку тие самите не се предомислат, сметам дека Владата треба експлицитно, со уредба, да забрани да се пресметуваат камати за време на грејс периодот. Притоа, не станува збор за мала сума на приходи“, вели Јовановиќ.

По една едноставна пресметка можеме да заклучиме дека со одложување на ратите за шест месеци и пресметување камата за тоа, банките може да заработат до 137,5 милиони евра.

Оваа пресметка се однесува доколку сите корисници на кредити одлучат да ја искористат оваа мерка и да ги одложат кредитите за шест месеци, вели Јовановиќ, за Фокус.