Од „Командант Форина“, кој „треба да каже што знае за Вејце“ и спикер „со силни емоции поради Етничка Албанија“ до „прв премиер-Албанец на Р*М“

„Талат Џафери ќе биде првиот премиер-Албанец. Ќе ја преземе функцијата кога техничката Влада ќе стапи на сила во последните 100 дена од овој состав.“објави ТВ 21. ТВ 21 дополнува во информацијата: „Централното претседателство, на предлог на претседателот Ахмети, одлучи да го предложи како кандидат за премиер на Демократската унија за интеграција, кој ќе биде избран на 28 јануари. ’ – кажа портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи.“



„Со тоа визијата на претседателот на ДУИ Али Ахмети за рамноправност во земјата се заокружува и од оваа негова далновидност добиваат нашето општество, земјата и сите граѓани“. – напиша во објавата на својот фејсбук-профил потпретседателот на Владата Артан Груби.

Но, што стои во „воената биографија“ и во политичкото досие на одамна веќе амнестираниот „Командант Форина“-Талат Џафери, „командантот на 116-тата бригада на УЧК“ за регионот на Гостивар во 2001 година, подоцна прв Албанец-министер за одбрана на Македонија и сегашен претседател на Парламентот? Во контекст на политичките и други активности на Талат Џафери како претседател на Собранието на Македонија, интересна е и информацијата на косовскиот весник „Епока е ре“ од 26 мај 2019 година со наслов „Талат Џафери под емоции кога старецот ја истакна картата на Етничка Албанија“, во која се наведува: „Првиот парламентарец на * Македонија Талат Џафери беше исполнет со силни емоции кога старец ја истакна картата на Етничка Албанија во една емисија на телевизија во живо.’

На интернет-страницата на Википедија во статијата на англиски јазик со наслов „Талат Џафери“ („Talat Xhaferi“), покрај другото, се наведува: „За време на албанското востание во 2001 година, во кој албанските милитанти ги нападнаа безбедносните сили, Џафери како висок офицер на АРМ командуваше со војниците во касарната на АРМ во Тетово. На 28 април 2001 година, на денот на масакрот кај Вејце, тој бил на должност командант во касарната. Неколку дена подоцна тој дезертира и ѝ се приклучи на албанска герилска група УЧК против Република Македонија. Стана командант на 116-та бригада на УЧК со прекар ‘Командант Форина’.“

Во видео-информацијата со наслов „Ангелов: Џафери да каже што знае за Вејце“, објавена на 28 април 2013 година. А1 Он.мк ја пренесе следната изјава на Стојанче Ангелов, поранешниот генерал-мајор на специјалните единици на полицијата на Македонија: „Патролата од четворица ‘волци’ на АРМ и четворица полицајци на 28.4.2001 наидоа на заседа на УЧК кај Вејце.По убивањето беа масакрирани. Тој ден во касарната на АРМ дежурен офицер беше ‘Командант Форина, а денешен министер за одбрана Талат Џафери. Токму затоа го прашуваме Форина, односно Талат Џафери да каже: Што знае за оваа заседа и зошто дезертираше неколку дена подоцна од АРМ?“