Донација од Кина од пет илјади тестови за Ковид-19, десетици илјади маски Н95 и заштитни материјали се донацијата денеска се очекува да стигне на скопскиот аеродром, соопшти вицепремиерот Бујар Османи.
Помошта за Македонија, која вчера тргна од Шангај, веднаш ќе биде распределена кај здравствените установи.
„Во вторник имам уште една донаторска конференција со земјите кој не се членки на ЕУ и другите донатори со цел да видиме дополнителни можности за обезбедување на материјали, бидејќи во овие услови нема ниту пазар, а исто така е прекинат синџирот на набавка на опрема од земјите кој што произведуваат до државата“, информираше смани.






