„Нема да побарам сигурно оставки затоа што се повлекоа. Прво, не го кршат ниту законот, зашто да побараме оставки? Ако така ние бараме оставки, после ќе се мислиме од каде да најдеме луѓе да ги ангажираме во власта“, рече премиерот на Република Македонија во врска со скандалот во Фондот за иновации каде што високи членови на владата и СДСМ добија стотици илјади евра од државата, Зоран Заев.
Изјавата на Заев доаѓа откако денеска во Фондот на барање на Јавното обвинителство влегле службени лица на МВР кои што земале документи поврзани со контраверзниот тендер во кој пари добија вицепремиерот Анѓушев, пратеникот на СДСМ Хари Локвенец и снаа на советничката за култура Цветанка Ласкова.

Според изјавата на премиерот тој однапред знае дека во случајот нема криминал иако обвинителството допрва треба да одлучи дали ќе покрене обвинение и потоа судот ќе одлучува дали ги ослободи или казни тие против кои сега истражува јавното обвинителство.
Во изјавата на премиерот спорен е и делот во кој тој вели дека ако бара оставки од инволвираните во спорните тендери потоа ќе нема луѓе за да се ангажираат во власта. Со тоа тој признава или СДСМ нема доволно кадри за високи позиции во владата или дека голем број способни кадри не сакаат да бидат дел од оваа влада.




