Која е вистината за гранитните коцки кои што се вградуваат во вилата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов?
Порталот,,Лидер” објавува ексклузивни фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дошле до нив, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштадот и улицата Македонија.

Коцките на фотографиите навистина наликуваат на старите кои што беа извадени од центарот на Скопје пред десетина години но порталот не објавува документи дека навистина токму тие се вградуваат во вилата на Шилегов во Маврово.

Град Скопје и Шилегов се уште се без коментар на информацијата на лидер.мк
Доколку се потврди дека навистина Шилегов ги користи старите скопски коцки тоа ќе биде скандал затоа што дури и да ги купил тоа нема да биде во ред поради личната корист што би ја имал во евентуална трансакција со Град Скопје.





