Гласачките кутии во кои денеска членовите на СДСМ ги ставаат своите ливчиња за избор на претседател на партијата многу наликуваат на гласачките кутии кои ги користи Државната изборна комисија за парламентарни, локални и претседателски избори.
Ова го наметнува прашањето дали СДСМ ги користи истите кутии за партиско гласање или партијата набавила 237 кутии кои ќе се користат еднаш во 4 години.

Доколку СДСМ ги користи гласачките кутии од ДИК јавноста треба да знае по која процедура се тие дадени на партија.

Доколку пак се нови и набавени од страна на партијата јавноста исто така треба да знае кој ги платил и по која цена.






