Министерот за здравство на Грија, Танос Плеврис, денеска соопшти дека грчки државјанин од Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка е заразен со новата варијанта на Ковид-19 – оппасниот „омикрон“. Ова е прв случај регистриран во Грција, објави Катимерини.
Заразениот патник пристигнал во Грција на 26 ноември, а на аеродромот направил брз тест и бил негативен. Меѓутоа, еден ден подоцна, пациентот почнал да чувствува благи симптоми, но секој ден бил негативен на брз тест.
Меѓутоа, на 29 ноември резултатот од брзиот тест бил позитивен, па направил ПЦР тест со кој е потврдена инфекцијата.
Утрово е потврдено дека се работи за „омикрон“, а претседателот на Јавната здравствена служба на Грција Теоклис Заутис изјави дека сите негови контакти се се уште негативни.







