Српскиот претседател Александар Вучиќ најави зголемување на платите и на пензиите по Нова година.



„Платите ќе бидат зголемени за 7 до 8 проценти во јавниот сектор, а зголемувањето на пензиите ќе биде за 5,5 отсто“, изјави тој за ТВ Б92 и потсети дека пензионерите ќе добијат и помош од по 20.000 динари.

Вучиќ најави дека веќе од јануари просечната плата во Србија ќе достигне 610 евра, а во Белград 760, потсетувајќи дека во главниот град таа пред неколку години била само 425 евра.