Од следниот месец, пензионерите ќе можат да се возат бесплатно во автобусите на ЈСП во вторник, петок, сабота и недела, мерка која беше укината поради пандемијата.



Ваква одлука донесе градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, дознава Слободен печат.

За да се реализира бесплатниот превоз на пензионерите од буџетот на Град Скопје ќе се дадат 650.000 евра субвенции на ЈСП „Скопје“.

Оваа одлука за субвенционирање на претпријатието за да се воведе бесплатниот превоз е на дневен ред за гласање на седницата на Советот на Град Скопје в среда.

Со одлуката се предлага бесплатен превоз преку цела неделаи за редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети, мерка која и досега беше на сила.