„За почеток на преговорите за влез во ЕУ потребна е одредена европска зрелост, исполнување на низа критериуми меѓу кои е задолжително почитувањето на човековите права, изјави Румен Радев во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ говорејќи за евроинеграциите на Македонија.
Бугатскиот претѕседател денеска е во официјална посета на Атина.
Радев вели дека во последните месеци се гледа неуспех на амбициите на РСМ за евроинтеграции, по голем број злосторства од омраза врз локалните Бугари.
„Палењето и пукањето во бугарските културни клубови во РСМ и насилството врз Бугарите во земјава откриваат ситуација која е поблиска до мрачното минато на Балканот отколку до нивната европска иднина“,вели бугарскиот претседател.
Радев потсети дека и Бугарија и РСМ го прифатиле предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ, предвидувајќи одредена преговарачка рамка за нашиот сосед.
„За целосно започнување на пристапните преговори, РСМ мора да ги заврши договорените уставни измени и да ги запише Бугарите во Македонија на рамноправна основа со другите државотворни народи наведени во нејзиниот Устав“, вели бугарскиот претседател.
Радев е дециден дека без овој чекор преговорите навистина не можат да започнат. Поради оваа причина, според него, политичкото раководство на РСМ треба да се охрабри да преземе храбри чекори за демократизација на државата.







