Од Филхармонија со инструменти на протест пред Влада

Вработените во Македонска филхармонија денеска во 14 часот, вќе протестираат пред Владата, бидејќи се уште не е променета одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот наменски изграден за единствениот симфониски оркестар во земјата.



„Пред неколку недели побаравме средба со премиерот, но, од Владата ниту одговорија на нашето барање, ниту пак се заложија за промена на штетната одлука” велат оттаму“ пренесува Фокусс.

Денеска, вработените ќе протестираат со инструменти, без разлика на временските услови, под шатори, кои ќе бидат поставени на улицата пред Владата.