Европската комисија одобри финансиски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан, но Црна Гора, Косово и босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска беа изоставени од таа помош.



Брисел претходно најави дека Косово ќе претрпи санкции поради нерешената криза на север, а Република Српска поради сецесионистичката политика на нејзиниот лидер Милорад Додик.

Иако не се директно наведени причините за откажувањето на помошта за некои земји и субјекти, Брисел претходно најави дека Косово ќе трпи санкции поради нерешената криза на северот, а РС поради сецесионистичката политика на нејзиниот лидер Милорад Додик.

Пакетот кој беше одобрен на 30 јуни вклучува 2,1 милијарди евра наменети за реализација на 14 инфраструктурни проекти на земјите од Западен Балкан, од кои 528 милиони евра се грантови од ЕУ.

Тоа е петти инвестициски пакет во рамките на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан, а еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархели истакна дека новиот инвестициски циклус е јасна порака до земјите од регионот дека нивната иднина е во ЕУ.