„Свесни сме дека можеби и покрај сè што правиме, интересот за вакцинација нема да се зголеми. Размислуваме за некаква форма на рестрикција, ние не можеме и нигде во светот вакцинацијата не е задолжителна. Затоа мораме да размислуваме за некои други алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настан со масовно присуство, дали на отворено, дали во затворено, дали во кино, дали културен настан, дали други објекти, само со таков сертификат“, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот вели дека вакцинацијата против ковид-19 не е задолжителна кај нас како ни никаде во светот па затоа мора да се размислува за некои рестриктивни мерки…






