Од една до пет години затвор за Србакоски кој упати расистички и пораки за децата со аутизам

И покрај тоа што заработи пријава за ширење на говор на омраза и насилство, лицето Ранко Србакоски за кој децата со атипичен развој се само терет на државата, продолжува да пишува коментари со грозоморни содржини по социјалните мрежи. И понатаму негова мета е штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам. Тој денеска  поднесе пријава против Србакоски, а во видео пораката која Мијалков ја упати, вели дека  ова не е само борба за неговите два сина, туку и за сите деца со посебни потреби.



  • Вчера дури сакав да му дадам и шанса, да се покае, извини, го поканив на гости да не запознае и мене и децата, за да види колку греши со тоа што го напишал. Но, тој не се кае. Не  само моите , туку и другите деца се навредени„ изјави Зоран Мијалков, пренесува Алфа тв.

Засега нема конкретни детали како полицијата постапува по случајот во кој веќе има две прјави, освен дека истрагата е во тек. По основ ширење на говор на омраза и насилство преку социјалните мрежи, согласно Член 394 од Кривичниот законик,  прва до МВР реагираше и Првата детска амбасада, Меѓаши.

Пораките со запрепастувачка содржина не ја остави рамнодушна македонската јавност, која на Мијалков му даде безрезервна поддршка.