Извори од преговарачкиот тим на ДУИ за Сител велат дека нема договор за коалициона влада со СДСМ.
Преговорите за ново парламентарно мнозинство меѓу СДСМ и ДУИ продолжуваат и покрај тоа што Пендаровски ќе му го додели мандатот за составување на Влада на Заев, со што го определува и премиерското место, јавува Сител.
Двете партии деновиве имаа интензивни средби но ниту од СДСМ, ниту од ДУИ не потврдуваат дали е склучен владин договор.
Непознато е какво е решението за премиерското место имајќи предвид дека ДУИ инсистираше на премиер Алабанец, а на маса беше и ротирачки премиер во формат 3+1 година во корист на СДСМ.





