Извори од ДУИ тврдат дека луѓе блиски со огранокот на нивната партија во Чаир, им платиле на припадници на навивачката група Комити, за вечерва да го демолират нивниот билборд поставен кај Пошта, спроти Владата во Скопје, на кој пишува дека е дојдено време за премиер Албанец, пишува весникот Лајм, пренесува Либертас.



Целта, наводно, била да се создаде тензија и впечаток во албанската јавност дека македонските националисти навистина се плашат од „предлогот за албански премиер“ и со тоа да се зголеми рејтингот на ДУИ.

„Според нивниот план, откако Комитите вечерва ќе го демолираат билбордот, активистите на ДУИ ќе почнат со протести пред владата. После тоа, Македонци да излезат со контрапротести и на тој начин да се создаде сценарио слично на настаните во Кале пред неколку години“, тврдат извори од ДУИ за Лајм, пренесува Либертас.