„Во текот на денешниот ден, 3 август (наутро) стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката“, соопшти владината прес-служба.
Од Владата апелираат до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.







