Град Скопје соопшти дека денеска ќе почне земјена, а на 16 септември авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот.
„ Терестричната дезинсекција против комарци ќе се одвива од 12 до 15 септември 2022, во периодот од 22 до 3 часот наредниот ден. Авионската дезинсекција против комарци ќе се одвива на 16 и 17 септември 2022 во раните утрински часови“, информира Град Скопје. Можеби ќе ве интересира
Град Скопје апелира до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.







