Од денеска платниот промет на Македонска пошта е во функција.
Граѓаните ќе имаат можност да ги плаќаат режиските трошоци и да вршат останати уплати повторно на шалтерите во Пошта, со провизија од 35 денари по уплатница. Поради тест период, до петок на располагање на граѓаните ќе им бидат 35 поштенски единици, а веќе од следната недела тоа ќе може да го прават во сите 300 објекти на Пошта.
Во првиот час од работата беа направени над 500 трансакции, вели директорот државната компанија Јани Макрадули.






