Спортските обложувалници од вечерва нема да нудат угостителски услуги по 18 часот, информира Асоцијацијата на спортски обложувалници.
„Во спортските обложувалници на нашите членки, почнувајќи од денес, 18 декември, по 18 часот нема да работат шанковите и нема да се послужуваат пијалаци. Ова е во согласност со новите мерки на Владата за заштита од ширење на вирусот Ковид-19, кои ние како Асоцијација во целост ќе ги почитуваме.“ – истакнуваат од АСОМ и додаваат дека спортските обложувалници доследно се придржуваат до протоколите за работа и сите мерки кои досега ги донесе Владата во насока на превенција и заштита на здравјето на граѓаните.
Дополнително, АСОМ информира дека сите објекти на спортските обложувалници кои се членки на асоцијацијата, на 31 декември ќе работат до 19 часот.






