Цената на струјата за домаќинствата од денеска се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста.



За трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто при што цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, на новите цени влијаеше воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што од почетокот на годинава ќе го плаќаат сите корисници.

Таканаречениот „пристап до мрежа“ овозможи намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.

Според Бислимовски, кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември.

Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630 KW.

Вво третиот од 630 до 1. 050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно.

Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок.