Од денеска не возете без задолжителна зимска опрема

Стапи на сила обврската за задолжителна зимска опрема. Согласно Правилникот, за зимска опрема на моторните возила со маса која не надминува 3.500 кг. се смета:



-зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;

-пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема бидејќи така овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Уредбата за задолжителна зимска опрема на возилата важи до 15 март.